Британскиот сој е потврден кај половина од позитивните тестови во Данска

Данска го потврдила британскиот сој на коронавирусот во речиси половина позитивни тестови во минатата недела, изјавил министерот за здравство Магнус Хеунике.

Иако се намалил бројот на заразени во Данска, британскиот сој се шири. Стапката на заразени со тој сој, која покажува колку луѓе може да бидат заразени од едно лице заразено со таа варијанта на вирусот, изнесува 1.25, напишал Хеунике на Твитер.

Во првата недела годинава британскиот сој е откриен кај 3.7 отсто од позитивните тестови, а во втората недела од февруари кај 45 отсто од сите позитивни тестови по анализата на генетскиот материјал, додал данскиот министер.