
Македонскиот водител Марко Новески кој го гледаме во квизот „Листа за 300“ на Сител телевизија одлучи да рипне во тавче. Тој откри дека се верил со неговата партнерка, а откако ќе помине ситуацијата со коронавирусот, ќе направат и свадба.
-Се верив во мојта сакана партнерка, па кај и да е ќе правам и свадбичка, само нека помине целата оваа работа со коронава, затоа што искрено сакам со луѓе да ја направам свадбата, да биде весели и забавно. На тој план добро ми оди, барем така мислам, ќе треба и нејзе да ја прашаме, вели Марко за Точка.мк.