Кој ги манипулира акционерите на ЗК Пелагонија?

Обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија се врши во изминативе пет дена, пишува Фактор. На таков начин вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа го прават некои берзански шпекуланти и брокери.

Според информации на Фактор, во истиов период има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови во земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделството во регионов, а кои пројавувале интерес за откуп и на ЗК Пелагонија. Проценетата цена е од околу 50 милиони евра, а во понудата влегува Агрокомбинатот, Електраните од 6 мw и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.

Знаејки ги тие инсајдерски информации во моментов практично се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3.900 до 4.500 денари.