
Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за ситуацијата во државата и истакна дека најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.
-Прашањето беше дека Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа. Имаме целосна партизација на државата затоа сме на 111 место според „Транспаренси интернешнл“ и затоа се најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови и да ни бидат партизирани институциите и целата држава. Единствен непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање имаме пад на сите полиња во држава, истакна Лефков во своето гостување.