НБА: Одложени пет натпревари на Спарс и Хорнетс

Одложени се трите следни натпревари на Сан Антонио Спарс кои имаат четири позитивни играчи на коронавирусот, и два натпревара на Шарлот Хорнетс, соопшти во вторникот од водството на НБА лигата.

Спарс во неделата гостуваа кај Хорнатс и од тогаш останаа во Шарлот во изолација, објави американската спортска мрежа ESPN.

Кај Хорнетс засега нема позитивни на коронавирусот, но се сметаат за блиски контакти, имајќи предвид дека во неделата играле против заразени кошаркари.

Сан Антонио следниот натпревар би можел да се одигра на 24-ти февруари, кога Спарс треба да гостуваат во Оклахома Сити, а во вторник одложени се гостуивањето кај Кавалирс во Кливленд во среда, кај Никс во Њујорк во саботата и кај Пејсерс во Индијанаполис во понеделник.

Хорнетс, пак, нема во среда да бидат домаќини на Чикаго Булс, ниту Денвер Нагетс во петок, додека првиот следен натпревар би можеле да го играат во саботата, кога на гости треба да им дојдат Голден Стејт Вариорс.

Сезонава во НБА лигата досега се одложени веќе 29 натпревари.