
Руското државно обвинителство побара во вторникот изрекување парична казна за дисидентот Алексеј Навални, кого на Западот го дожуваат како опозиционер на најжесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, на судењето за клевета, за кој тој смета дека е политички монтиран процес.
Навални претходно беше осуден на речиси три ипол години затвор поради кршење на условната казна изречена во делото за измама и перење пари наречено „Ив Роше“.
Обвинителството побара во вторникот останување на сила на севкупната затворска казна за Навални и парична глоба за клевета во висина од 950.000 рубљ, или 10.500 евра, додека неговата одбрана побара целосно ослободување. Следното рочиште ќе се одржи на 20-ти февруари, кога Московскиот градски суд ќе ја разгледа желбата за замената на условната казна со ефективна за делото „Ив Роше“.
За оваа пресуда во која е осуден и неговиот брат Олег Навални, за која во октомври 2017 година Европскиот суд за човекови права оцени дека била произволна но не и политички мотивирана, а подоцна во април 2019 година оцени и дека домашниот притвор за Алексеј Навални бил политички мотивиран, сега Западот се заканува со нови санкции против Русија.
Во новата судска постапка, Навални е товарен дека клеветел ветеран од Втората светска војна, кој во промотивното видео ги поддржа уставните промени кои носат поголеми овластувања на парламентот и владата. Тоа на Западот се толкува како намера на претседателот Владимир Путин да се кандидира за уште два мандата, но реално и да премине на нова должност, а да остане на чело на власта и по истекот на неговиот актуелен мандат во 2024 година.
Навални личностите кои се појавија во промотивниот спот ги нарече „предавници и корумпирани подлизурковци“, а властите ги обвини дека обвинението за клевета ја користат да го извалкаат неговиот углед.
Ветераните од Големата татковинска војна уживаат големо почитување во Русија и критиките на нивна сметка се сметаат за општествено неприфатливи и навредливи.
Иако клеветата, доколку биде докажана, се казнува со две години затвор, адвокатот на Навални претходно изјави дека на неговиот клиент во овој случај не му се заканува затворска казна, бидејќи кривичното дело е сторено пред измените на законот за клевета кој се предвидува и затворска казна. Поблагата казна предвудува парична глона или општополезна ангажираност.