
Полицијата во понеделникот попладне уапсиле жителка на гостиварското село Ѓурѓевиште поради физички напад врз членови од нејзиното семејство.
Околу 16 часот и 30 минути, полициски службеници ја лишиле од слобода 34-годишната Љ.А. од гостиварско Ѓурѓевиште, која претходно физички ги нападнала нејзиниот 64-годишен свекор, свекрвата и внукот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Таа била задржана во Полициската станица Гостивар и против неа ќе следува поднесок.