
Премиерот Зоран Заеедв денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира петтиот економски пакет антикризни мерки.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.
Петтиот пакет економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители, како и изминатите четири пакети.