„Сега искрено ќе ви го кажам што е во сржот на проблемот. Да сега станува второстепено или првостепено ова вие што го кажувате дали треба да остане Македонец, Албанец, Србин итн. Дали јас ќе се потпишам како Македонец и тоа како. Јас се гордеам со тоа. Но, што е целта? Владата е на стаклени нозе. Бидејќи нивните коалициони партнери се незадоволни. Ова барање е едното од барањата што го има ставено БЕСА, зборувам за законот за лични карти, за да имаат успешна Влада односно успешна коалиција. Гледате дека таму не е се како што велат тие розово. Законот за лични карти е еден од условите на БЕСА што ги бара да се спроведат. Но, Зоран Заев ова не сака да се случи. Зоран Заев овој закон не сака да помине“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во дневникот на Сител телевизија.
Мисајловски додаде дека нема да помине законот за жал бидејќи Заев не дозволува да помине. Заев од една страна се плаши поради ризикот да изгуби коалиционен партнер во Парламент, односно во Владата, а од друга страна гледаме дека и рејтингот на БЕСА воопшто не се качува туку стагнира.
„Ако имаше чесна намера Зоран Заев веднаш ќе го пуштеше овој закон и со европско знаменце. Но, има друга пречка. Пречката е оној фамозен Преспански договор. Бидејќи таму мора да стои коса црта во личните карти граѓани на придавка Република Македонија. Тоа е проблемот. И суштината е тука. Е, сега е проблемот како да се задоволи БЕСА, да се задоволат други коалициони партнери, а од друга страна гледате дека внатре во самата коалиција има проблем“, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека во Собранието вчера имаше 66 точки на Дневен ред. А, фалеа неколку пратеници. И тоа говори дека ништо не е случајно. Власта односно СДСМ во Парламентот не може кворум да обезбеди. Пазарот помеѓу СДСМ и коалиционите партнери е се повеќе видлив.
„Кога нема кворум во Парламентот не е само оние кои што се заболени од КОВИД-19. Но има многу пати кога пратениците не доаѓаат, дали се од коалицијата, дали се од помалите коалициони партнери и потоа можеме да видиме дека некој нов функционер од нивната партија се именува, добиваат некои нови работни позиции или потоа се добиваат нови работни места за нивни членови“, појасни Мисајловски.