
Скандал е министрите да не поседуваат НАТО сертификати, а нивното молчење тоа го потврди, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Има две работи кои што се факт, прво дека двајцата немаат безбедносен сертификат, за тоа што да имаа ќе презентираа пред јавноста дека имаат. И со самото тоа што двајцата потврдија дека немаат безбедносен сертификат, тие ги потврдија наводите на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.
Тој додаде дека во скоро време ќе ги потврдат и наводите коишто ги кажа пред некој ден, а тоа е дали едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат поради корупција, а вториот нема безбедносен НАТО сертификат порад соработка со странски служби коишто не се дел од НАТО.