
Владата отвори ново работно место. За плата од над 36 илјади денари апликантните треба да исполнуваат посебни услови, како работно искуство од најмалку 16 години.
Но, тоа не е ништо чудно, чудно е што во огласот се бара од личноста што треба да биде вработена да има завршено, верувале или не, кинезиологија, објавува порталот „Лидер“ .
За да биде појасно за што станува збор кинезилогоијата е наука за движење на човековото тело. Кинезиологија се фокусира на физиолошкиот развој, биомеханичкиот како и на психолошките и динамички принципи на механизмите на движење.
Се поставува прашањето, дали „строгите критериуми“, кои се наменски поставени, ќе послужат за вработување кадар кој однапред е одбран?
Во последно време се почето можат да се забележат вакви апсурдни огласи во државната и јавната администрација. Последната беше објавена од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), кој на јавен оглас за вработување, бара советник кој ќе го советува директорот за административни работи, а услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување.