
Од барањето за одржување вонреден конгресот на опозициката ВМРО-ДПМНЕ на ткн Иницијативниот одбор најсреќен е Зоран Заев за да се оттргне вниманието за ситуацијата во која се наоѓа државата, а тоа е дека Македонија поради неговите политики се соочува со колапс во многу сектори, смета новинарот Љупчо Златев, новинар во своето гостување во емисијата „24 Анализа“.
„Денес живееме во држава која е на 111-то место по корупција во светот, држава која последна почна со вакцинацијата и, пред сѐ, држава која има тон скандали, тон настани кои се лоши. Најсреќен за вакви емисии и за вакви теми е дефинитивно премиерот Зоран Заев. Не велам дека тој стои зад ова, можеби има соработка, можеби нема, времето ќе покаже, но самото наметнување на оваа тема најмногу му одговара на Заев во ситуацијата кога државата се соочува со колапс во многу различни сектори“, рече Златев.