Државна матура на 5 јуни, ќе се полагаат два екстерни и еден интерен предмет

Државната матура годинава ќе започне на 5 јуни, наместо на 29 мај, ова денеска како договор го постигна владата и сојузот на средношколци.

Имено освен датумот постигнато е и заедничкото решение со кое секој матурант ќе може да се запише на било кој факултет во државата или надвор од неа.

Договорено инаку е матурантите да полагаат два екстерни испити, додека третиот екстерен станува интерен предмет.