За пребрзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово санкционирани 65 возачи

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 65 прекршоци.

Од нив, како што информираат од МВР,  девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина поголема од над 70 километри на час од дозволената.

Од МВР посочуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да придонесат за побезбедни патишта.