
Стотици граѓани во Прилеп на пладне излегоа против наместен попис. Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ наиде на огромна поддршка помеѓу граѓаните од пелагониско.
-Заев е прочитан, а неговата намера да протурка фалсификат попис наиде на огромно незадоволство и негодување кај граѓаните. Народот нема да дозволи Заев преку негов грб да се пазари и да подмирува коалициони долгови. Попис може, но доколку тој биде реален, електронски, како ќе се дојде до јасна слика колку луѓе има во државата, и се друго потребно за институциите како податок, посочуваат од партијата.