(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ: Истокот го крева гласот против фалсификат пописот на Заев, граѓаните масовно се потпишуваат против грабеж

Граѓаните од крајниот исток на државата го кренаа својот глас против фалсификат пописот на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска стотици граѓани чекаа на ред за потпишување на пунктовите во Кочани, Делчево, Виница и другите населени места низ источниот дел од Македонија. Граѓаните се едногласни, нема да дозволат нови грешки заради коалициските договори на Заев, истакнуваат од опозициската партија.

Попис може да има, но тој да биде исклучиво статистичка операција, кој ќе ја отслика реалноста, додаваат од таму.