Малолетник прободен по кавга во автобус

Постар малолетник е повреден со нож во петокот вечерта, откако настанала расправија меѓу две групи млади лица додека се возеле во автобус, по што на постојката на која се симнале настанала меѓусебна пресметка.

„На 19.02.2021 во 22:01 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник од Скопје, кој се здобил со повреди од остар предмет при физички напад на подрачјето на Карпош“, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.

 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.