ВМРО-ДПМНЕ: Додека 55.000 работници на улица, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2.100 отсто

Дури 55.000 луѓе останаа на улица, половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, 6.200 фирми затвори поради корона кризата, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми својот профитот за 2.100 отсто. Гиганти во македонската економија, регионот и Светот бележат пад во профитите, а фирмата на вицепремиерот Николовски книжи огромни профити, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој бизнис го врти Николовски па за само една година остварил галопирачки раст на приходите?

Дали Николовски врти државни тендери или во прашање е соработка со фирми кои мора да соработуваат со него?

Зошто Николовски својот пример не го споделил со останатите 6.200 фирми кои пропаднаа, или можеби не станува збор за успешен пример, туку за привилегиран субјект на пазарот?

Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да го испита работењето на фирмата на кланот Николовски.

Дали функцијата на Николовски всушност го овозможила рапидниот раст на приходите?

Доаѓа време за одговорност“ – порачуваат од партијата.