ВМРО-ДПМНЕ: И петтиот пакет мерки не нуди никаква помош на граѓаните и бизнис секторот

Додека граѓаните и бизнисот  мака мачат како да ја надминат ковид кризата, СДСМ и понатаму безсрамно се фали дека им нуди некаква помош, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и претходните четири пакети на антикризни мерки така и петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори. Мерките на СДСМ и Заев  не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите. За тоа дека мерките се не ефикасни докажува е податокот дека над 55.000 луѓе останале без  работа. И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите“, истакнуваат од опозициската партија.

Со Заев имаме само уназадување. Затоа потребно е што поскоро оваа криминална влада на СДСМ и Заев да си заминат веднаш, додаваат од таму.