Израел ги ублажи мерките со вакцинацијата на половина од населението против Covid-19

Израел во неделата значително ги ублажи рестриктивните мерки за справување со епидемијата на коронавирусот најавувајќи враќање на нормалниот живот овозможен со имунизацијата на Covid-19 на речиси половина од населението.

Продавниците се отворени за сите возрасни групи граѓани, а пристап до јавните простори како што се сали за вежбање, хотелите и киносалите е ограничен на лицата кои пред најмалку една седмицја ја примиле втората доза од вакцината и на оние кои оздравеле од коронавирусната болест и така развиле имунитет.

Со ткн „зелени пропусници“, потврда којашто се добива преку апликацијата на министерството за здравство, Израелците ќе го докажуваат својот здравствен статус.

И покрај големиот број вакцинирани во земјата, мерките за носење заштитни маски за лице и социјалното дистанцирањето и натаму се на сила, бидејќи сѐ уште нема научни докази дека вакцината спречува лице која ја примила и натаму да го шири вирусот. Затворени се и салите за танцување, а синагогите, црквите и џамиите мора да го преполоват бројот на верниците во однос на вообичаениот број.

Ублажувањето на мерките следеше една година откако Израел го забележа првиот случај на зараза со коронавирусот е дел од плановите на владата за отворање на стопанството кои ќе продолжат со нови ублажувања во март, кога ќе се одвиваат парламентарните избори, четвртите за речиси две години.

„Ние сме првата земја на светот која се враќа во животот благодарувајќи на милионите вакцини кои ги купивме. Вакцинираните сте? Набавете зелена пропусница и вратете се во животот“, објави на Twitter израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају.

Израелските медиуми пренесуваат дека поради преоптоварувањето паднала интернет страницата од којашто Израелците ги „симнуваат“ пропусниците.

Израел го вакцинираше досега населнието со вакцината на „Pfizer/BioNTеch“ и досега првата доза ја примиле повеќе од 46 отсто од деветмилионското население, според министерството за здравство.

Во земјата се забележани повеќе од 740.000 случао на зараза и 5.500 починати од Covid-19, што предизвика критика на сметка на владата на Нетанјаху поради недоследното спроведување мерки во текот на трите кругови од затворањето на земјата.

Учениците во основните училишта и повисоките класови на средните училишта во неделата, во градовите во кои епидемијата е под контрола, се вратија во училиштата, а и другите ученици би требало по речиси една година да продолжат со наставата на далечина, од март повторно ќе влезат во училниците.