
Од СДСМ со соопштение го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги повика сите сегашни и поранешни членови на партијата, да понесат одговорност.
– Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други – велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.
– Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден – велат од СДСМ.