
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ соопшти во средата дека се заразил со коронавирусот.
„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.
Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.