
ерманските царински службеници соопштија дека на пристаништето во Хамбург заплениле повеќе од 16 тони кокаин, сокриени во контејнери од Парагвај.
Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа, јавуваат француските медиуми.
– Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра – се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари.
Во врска со шверцот на кокаинот вчера во Холандија бил уапсен 28-годишен маж, се додава во соопштението на германската Царинска управа.