
Доктор Горан Николов преку јавно обраќање бара да добие вакцина.
Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:
Почитуван министре за здравство доцент др Венко Филипче, почитувани помлади колешки и колеги!
Доколку некои од Вас од разно-разни причини не сака да ја прими, односно се откажува од вакцината за COVID 19, ако е можна замена, јас др Горан Николов лекар специјалист интернист-кардиолог се пријавувам и би прифатил да се вакцинирам.
Патем мора да напоменам дека водејќи го ПЗО СРЦЕ и работејќи цело време од почетокот на пандемијата без прекин , а мојата возраст се полни 65 години, е причината за ова мое јавно обраќање кон Вас колеги.
Конечно и ние вработените во приватниот здравствен сектор заедно со сите Вас ја споделуваме и превземаме дел од работата на Јавното здравство во справувањето со другите заболувања.