ЕУ: Рестрикциите да се задржат, уште три месеци до потврдите за вакцинирањето

Државите членки на Европската унија мора да го зардржат рестриктивните мерки поради сериозната епидемиолошка ситуација и заканите од новите соеви на коронавирусот, согласни беа челниците на Унијата во четвртокот вечерта, но ќе бидат потребни уште најмалку три месеца да заживеат потврдите за вакцинирањето.

„Направен е исчекор во приближувањето на ставовите, појаснетио се некои нејаснотии, но сѐ не е решено“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по завршувањето на виртуелниот состанот на врвот на челниците на земјите членки на ЕУ посветен на епидемиолошката ситуација.

Во заедничката изјава којашто челниците ја усвоија на самитот се наведува дека „епидемиолошката ситуација останива сериозна и дека новите варијанти на вирусот претставуваат дополнителен предизвик“. „Оттаму, мораме да ги задржиме ограничувањата и истовремено да ги засилиме напорите за да ги забрзаме испораките на вакцините“ против Covid-19, се додава во изјавата.

Претедателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјви дека се потребни три месеца за да се постигне интероперабилноста на системот на европско ниво.

„Има многу работа пред нас, и за Комисијата и за државите членки“, рече фон дер Лејен,

Договорено е тие дигитални потврди за вакцинирањето да содржат минимум потребни податоци, како што е датумот на вакцинирањрот, дали лицето направило PCR тест, дали има антитела.

Второто прашање во врска со тие потврди е со која цел тие може да се користат, при што треба да се внимава, доколку се користат како своивидни ковид-пасоши, да не бидат дискриминирани лицата кои немале можноста да се вакцинираат. Во таквите случаи наместо потврда за вакцинирањето би можело да послужи негативен PCR тест.

Постои уште и научно прашање за коешто е потребен одговор, а тоа е дали можат вакцинираните лица да бидат преносители на вирисот, рече фон дер Лејен. Притоа додаде дека охрабрувачките резултати од истражувањето на компанијата „Pfizer“ во Израел кои покажуваат дека лицата вакцинирани со две дози од нивната вакцина не се пренесувачи на вирусот.

И Мишел и фон дер Лејен истакнаа дека е потребно да се има заеднички европски пристап, бидејќи секој засебен обид да на поедини земји членки самите да ги издаваат таквите потврди уште повеќе ќе ја комплицира ситуацијата.

Шарл Мишел истакна дека главниот приоритет е да се зголеми производството и испораката на вакцините. Фон дер Лејен, пак, уверена е дека и покрај тешкотиите, можно е да се постигне претходно поставената цел до крајот на летото да бидат вакцинирани 70 отсто пд возрасното население во ЕУ.

Фон дер Лејен, исто така, ја поздрави најавата на американски „Pfizer“ и германската „BioNTech“ дека ќе започнат производство на својата вакцина во нови погони во Австрија и во Германија. А челниците во заедничката изјава ја потврдуват и „солидарноста со трети земји“.