
Локалните власти на индонезискиот остров Сулавези денеска потврдија дека во несреќа во илегален рудник за злато загинале три лица, а петмина се водат како исчезнати.
Несреќата се случила откако се урнал тунел во нелегалниот рудник, кво кој имало 23 рудари. Спасувачите од под урнатините извлекле 15 рудари, а трагаат по уште пет лица.
Индонезија учествува со околу три отсто во светското производство на злато и има околу 20.000 рудари. Но, во земјата, како и во други делови на Азија и на Африка има нелегални рудници, каде луѓето работат во тешки услови со голем ризик од сериозни повреди и смрт.