
Новиот сој на коронавирус кој првпат е откриен во Велика Британија, се појавил во уште седум земји. Сега оваа мутација на Ковид-19 е регистрирана во вкупно 101 држава.
Варијантата на вирусот која беше откриена во Јужна Африка се проширила во 41 држава, а таканаречениот бразилски сој е активен во 29 држави, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Според податоците на СЗО, британскиот сој се појавил во септември, јужноафриканскиот циркулира од август од 2020 година. Бразилската мутација, според СЗО, е активна во Бразил и Јапонија од декември.