
После големата загуба и трагедијата која се случи откако голманот на ракометниот клуб Порто Алфредо Кинтана ја загуби битката и почина после срцевиот удар кој го претрпе во понеделникот не стивнуваат реакциите и изразувањето на сочуство.
Претседателот на клубот, Хозе Нуњо Пинто да Коста даде предлог дресот со број 1 да биде повлечен. Дефинитивно предлогот ќе биде усвоен така што повеќе во тимот на Порто никој нема да го носи овој број.