
Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници во Собранието Антонијо Милошоски и Рашела Мизрахи денеска ќе остварат посета на Општина Битола.
Како што информираат од партијата, Милошоски и Мизрахи ќе имаат средба со претставници на Стопанската комора и останати стопанственици од Општина Битола.
Планирани се средби и со пензионерите од оваа општина, како и со здруженија на планинарите и скијачките спортски тимови.