Тројца повредени во излетување од патот кај Врапчиште

Три лица се здобиле со повреди откако автомобил „сеат“ со скопски таблички излетал од патот Гостивар – селог Градец.

Од полицијата информираат дека несреќата е пријавена вчера околу 18 часот на влез од селото Врапчиште. Автомобилот бил управуван од 24-годишниот М.Џ. од гостиварското село Добридол.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 23-годишниот М.А. од селото Добридол, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник на возраст од 16 години, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Гостивар.