
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која во неделата околу пладнето се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебарца
Автомобилот марка „шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 78-годишниот М.М. од Струга, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците 63-годишниот Д.М. од струшкото село Лабуништа и 24-годишниот Д.Ф. од Струга, констатирани во болницата „Свето Еразмо“ во Охрид.