
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри. Изутрина во седум часот најстудено било во Берово и во Маврово каде се регистрирани – 6 степени, по што следат Скопје-Петровец и Крива Паланка со -4. Минус 3 степени се измерени во Тетово, Штип, Битола, Kрушево у Попова Шапка, -2 во Прилеп, Струмица, Охрид, Претор и Демир Капија, -1 во Дебар, и во Виница, 0 во Скопје- Зајчев Рид, Куманово и Гевгелија, а 2 степена во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде претпладне сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на истокот повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.