Две лица приведени за оружениот напад врз полицаец во Ѓорче Петров

Во понеделникот околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во наслебата Ѓорче Петров кај црквата „Свети Петар и Павле“, лице од возило „голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.

Како што беше пренесено претходно, ранетиот е син на поранешен верски лидер во Македонија и станува збор за Зекљуљ Реџепи.

Полицијата синоќа за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.