Атиџе ја сака музиката, а храбрата Дени ја сака Атиџе – наставничката Турунџиева им ја исполни желбата

Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени Жерновска е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката.
Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат, напиша на Фејсбук наставничката по музичко Сузан Турунџија и сподели емотивни фотографии од средбата на Атиџе и Дени.

Турунџиева овојпат ја врати Атиџе во школските клупи и тоа со причина.

Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. И покрај физичката попреченост, оди дури и на часови по танц.

Турунџиева ги информира нејзините следбеници дека со Атиџе веќе неколку дена имаат и онлајн активности, помеѓу кои и дружење со нејзините ученици.

-Таа ни беше гостинка на часовите по Танци и народни ора и Проекти од музичка уметност, а тие беа воодушевени од нејзиното уникатно животно училиште и со огромно внимание ја слушаа додека таа им пееше и им раскажуваше за обичаите, фолклорот и особеностите во нејзиниот крај. Бесценето, порача Турунџиева.