Од последици на Covid-19 почина новинарот Драган Ристов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов кој почина поради компликации од Covid-19.

Ристов беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ.

47-годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.