
Еурофарм Пелистер наиде на силен отпор од Струга во првото полувреме, но сепак гостите немаа што да бараат во Битола и на крајот претрпеа висок и убедлив пораз од 28:18.
На вториот меч на програмата, Тинекс Пролет направи големо изненадување и го шокираше Металург, тим кој по ремито со Адемар Леон, денеска одново разочара со својата игра и беше поразен со 29:26.
На преостанатите две средби кои се играа денеска, Бутел го победи Охрид во плејофот со 26:22, додека во плејаутот, Голден Арт КЛ7 славеше на гостувањето кај Прилеп со 31:33.