
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ задоцни дури три часа на музичкиот фестивал Сан Ремо затоа што на автопатот имало сообраќајна несреќа и тој заглавил во метежот.
Сепак, Ибрахимовиќ успеал да најде начин како да стигне на фестивалот, откако запрел моторџија и со него се возел околу 60 километри.
„Ако фестивалот не дојде кај Златан, тогаш Златан ќе дојде на фестивалот“, кажа Ибрахимовиќ во свој стил.