
По молитвата за „жртвите на војните“ на северот од Ирак, кој е опустошен од џихадистите, челникот на Римокатоличката црква, папата Франциск во неделата ја водеше најголемата литургија во рамките на неговата историска посета на оваа земја, а под големите безбеднони мерки присуствуваа илјадници верници.
Светиот Отец стаса во ирачката автономна покраина Курдистан, кое е своевиден мирен регион на Блискиот исток, разорен од вините. Папата, како и претходно, и во текот на оваа посета ја заговараше благосостојбата на сѐ помалкуте ирачки христијани, една од најстарите христијански заедници во историјата.
Папата Франциск пристигна со „папамобилот“ на стадионот „Франсо Харири“, каде на тревникот и на трибините го пречекале илјади верници кои внимаваа да го оддржуваат физичкото растојание, многумина под чадори да се заштити од силното сонце. При пристигнувањето на стадионот верниците го дочекале оддушевени извици, пренесуваат медиумите. На последниот ден од својата посета на Ирак, Папата литургијата ја започнал на латински јазик.
По патувањето со авион, хеликптер и блиндиран автомобил низ земјата која пред три години излезе од крвавиот судир со ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава, папата Францик во неделата сакаше да биде што поблизок на припадниците на една од најстарите христијански заедници, којашто истовремено е најраселените од светот. Во последните две децении, по првата американска инвазија врз Ирак во 2003 година, христијаните од повеќе од 1,5 милиони паднаа на меѓу 300 и 400.000 од кои многумина планираат иселување во следните години, поради прогонот, дискримианцијата, корупцијата и невработеноста.
Папата го посети и Мосул, уништениот ирачки град, каде што ги слушаше сводоштвата на жителите во овој повеќеконфесионален град. Франциск со хелокоптер допатува во Мосул за да го поттикне зацелувањето на раните настанати со верските поделби и се молеше за спокој на загинатите од сите вероисповеди.
Муслиманските и христијанските жители на Мосул ми ги раскажувале своите патење под свирепоти и брутално владеење на џихадистите, додека Папата ја блогослевел нивната подготвеност да се издигнат од пепелта, порачувајќи и мдека „браството е потрејно од братоубистото“,
Папата Франциск минувал низ урнатините на куќите, џамиите и црквите до плоштадот кој порани беше центарот на историскиот стар дел на Мосул. Овој град на ирачкиот север Исламската држава го зазема во летото 2014 година и го држеше до ноември 2017 година, кога беше протерена во заедничката акција на ирачките безбедносни сили, паншиитските милиции со многубројни доброволци од соседен Иран и со воздушна поддршка од воздух на американските сили.
Папата, како што пренесуваат медиумите, очигледно силно возбуден од уништувањата, се молел за сите загинати во Мосул.
„Колку е свирепо што оваа земја, колепката на цивилазицијат, ја погоди ваков варварски удар, со уништување на древните храмови и иладниците убиени и прогонети луѓе, муслимани, христијани, Јазиди (посебна етно-конфесионална заедница) и другите. Денес, меѓутоа, го потврдуваме нашето уверување дека братството е потрајно од братоубиството, дека надеждта е помоќна од омразата, дека морот е помоќен од војната“, изјавил папата Франциск.
Јасно алудирајќи на Исламската државата, верскиот лидер на римокатолиците во светот, рекол дека надеждта не може да биде „стивната со крвата којашто ја пролеаја оние кои го изопачуваат името Божје за да тргнат на патот на уништувањето“.
Потоа ја прочител милитвата во која ја повторил една од главните пораки од ова негово патување, првото на некој поглавар на Римикатоличката црква во Ирак, дека секогаш е погрешно да се мрази, убива или да се води војна во името на Бога.