
Македонскиот кошаркарски првак скопски МЗТ Скопје загуби од Младост со 82-73 за крај на „балонот“ во Сараево во рамки на регионалната АБА-2 лига.
Двете екипи беа близу до самиот финиш. МЗТ имаше 69-65, па 75-72, ама две погодени слободни фрлања на Игбану и една тројка на Митчел донесоа „плус два“ за Младост на 25 секунди пред крајот (75-77). Во клучниот, последен напад, Олуџоби направи грешка и МЗТ го загуби мечот.
Олуџоби со 18 и Мекиќ со 14 поени беа најдобри стрелци кај МЗТ Скопје, додека кај Младост, Милосављевиќ имаше 17, а Аранитовиќ постигна 16 поени.
МЗТ по десет одиграни меча во АБА-2 има скор 6-4.