
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија во време од 8:30 до 13:00 часот ќе останат корисниците од село Горно Соње кон крстот во општина Сопиште, соопштија од РЦУК Скопје.
Од РЦУК Скопје информираат дека заради изведување на вододоводен приклучок ф 80 мм на ул. „Тетовска” бр. 40 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Тетовска”, „Стив Наумов”, „Славе Георгиевски – Шнајдерот” и амбулантата на МВР во општина Центар.
-Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот, па се до завршување на работите, велат од РЦУК Скопје.