
Научници во американската држава Орегон откриле нов високозаразен сој на корона вирусот. Тој не е ништо поразличен од оној кој се појавил во Велика Британија, но, овојпат се измешал со локалните мутирани варијани и можно е да ги направи вакцините помалку ефикасни.
Американските здравствени работници досега наишле на само еден случај, како што го нарекуваат „застрашувачки сој“. После истражувањата утврдено е дека настанал локално, пренесе Њујорк тајмс.
„Овој сигурно не е увезен од страна. Настанал спонтано, тука“, рече генетичарот Брајан О’Рук од Универзитетот Орегон.
Основата на новооткриениот сој има иста позадина како новите соеви, но и иста мутација – E484K (Eeк), која е забележана во Јужна Африка, Бразил и Њујорк.
Во лабораториските испитувања утврдено е дека Еек мутацијата ја намалува ефикасноста на вакцината затоа што го намалува имуниот одговор на организмот.
Извор: Њујорк тајмс