Мерките и протоколите не се почитуваат, инспекторите не можат да стaсаат насекаде

Бројот на новозаразени значително расте, а освен на полесно преносливиот британскиот сој на коронавирусот, ваквата епидемиолошка ситуација во земјата здравствените власти ја припишуваат и на непочитувањето на мерките и протоколите за заштита.

Веселби, свадби, полни кафулиња…, и покрај апелите и казните граѓаните сѐ уште масовно ги прекршуваат мерките за заштита од ширење на заразата. Инспекторите со полни раце работа, Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат вели дека најголем дел од казните изминатава недела се напишани за работа на угостителските објекти по 21 часот.

„Најголем дел од непочитување на протоколите е во однос на работно време и најголем број на непочитувачи се нерегистрирани угостителски објекти. Кога се работи за непочитување на протоколите тука законот си е јасен, она што ни е нас благодет е дека можеме веднаш да го затвориме. А во зависност од тоа колку е периодот од 21 часот па натака фатен, зависоно од тоа е и казната 10 дена, 15, до 30 дена е максимумот“, изјави Александра Котели, ДПИ

Приватни журки до раните утрински часови зад затворени врати, во ноќни клубови, хотели…за ваков вид забави во јавноста наголемо се зборува дека се организираат. Скопје, Тетово, Гостивар.. се први на листата градови каде се напишани најмногу казни. Во пресрет на празникот 8ми март Котели вели дека инспекторите се на готовс, но очекуваат дека и граѓаните и угостителските објекти ќе бидат дисциплинирани.

„Последнава седмица, бројка од над четири илјади надзори на цела територија. Над 37 прекршочни платни налози се издадени, оваа бројка се сублимира и не е само за прекршување на протоколите.“/ И оваа недела за жал имаше прекршување на тој дел од протоколите, како што беше во Скопје, Тетово, Гостивар, Струмица, Битола, Штип таму е постапено и пропишани се законските мерки.изјави Александра Котели, ДПИ

Додека секојдневно наголемо се прекршуваат мерките, бројките на заболени од Covid-19, вртоглаво растат. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека растот на бројките изминативе денови, најмногу се должи на непочитување на мерките.

Дали „спасот“ од вртоглавиот раст на бројките ќе биде воведување на нови рестрикции, надлежните не ја исклучија можноста. Комисијата за заразни болести се очекува утре на состанок да предложи нови мерки со кои би се спречило ширењето на Корона вирусот.