
Поради влошената епидемиолошка состојба, Кантонот Сараево воведува мерка затворање од петок во 20 часот до понеделник во 6 часот наутро, пренесува Кликс.ба.
Ова го потврди премиерот на Кантонот Сараево, Един Форто, а порталот дознава дека граѓаните ќе можат да се движат во тој период, но дека трговските центри и угостителските објекти нема да работат.
Во тој период ќе работат аптеки, продавници за храна и бензински пумпи.