
Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов и празникот на жената го искористи за нова провокација кон нашата земја.
Тој на социјалните мрежи објави фотограгија на т.н голема Бугарија на која се наоѓа и територијата на Македонија.
-Традиции, семејство и чесност. Бугарија над се, напиша Каракачанов.
На оваа фотографија коментираа низа корисници на социјалните мрежи, меѓу кои и голем дел македонски граѓани. Оценуваат дека со ова Бугарија покажува дека има територијалните претензии кон други држави, вклучувајќи ја и Македонија.