
Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, објави „Слободен печат“.
Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ ја потврди ваквата информација.
– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.
Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.