Остар скок на смртните исходи и новите коронаинфекции: 22 починати и речиси 900 новозаразени

Дури 22 починати како резултат на комликациите предизвикани од Covid-19 и 872 нови случаи на инфекција со коронавирусот се потврдени со 3.394 тестирања во последните 24 часа, соопшти во вторникот Министерството за здравство.

Со податоците од последното деноноќие, од почетокот на епидемијата на коронавирусот од крајот на февруари минатата година досега во Македонија вкуоно со зараза на коронавирусот дијагностицирани се 108.350 лива, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Од пријавени 22 починати лица, девет се пациенти од Скопје  (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), четворица пациенти се од Прилеп (67г,86г,89г,45г), двајца пациенти се од Гевгелија (73г и 73г) и по еден пациент е од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Новите случаи на Covid-19  по градови се регистрирани се Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 459, активни 4485
Куманово 33, активни 355
Прилеп 51, активни 704
Тетово 31, активни 271
Гостивар 28, активни 200
Штип 24, активни 128
Кавадарци 35, активни 531
Велес 14, активни 235
Битола 33, активни 228
Охрид 33, активни 428
Струмица 11, активни 175
Струга 11, активни 152
Кочани 6, активни 109
Кичево 5, активни 43
Неготино 15, активни 318
Гевгелија 7, активни 267
Свети Николе 3, активни 25
Крива Паланка 13, активни 127
Ресен 5, активни 64
Дебар, активни 13
Делчево, активни 45
Радовиш 6, активни 20
Берово 15, активни 44
Пробиштип 6, активни 36
Виница 1, активни 23
Валандово 1, активни 25
Крушево 9, активни 83
Богданци 5, активни 66
Кратово 1, активни 24
Демир Хисар 8, активни 31
Демир Капија 1, активни 32
Македонски Брод 1, активни 6
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 3
Дојран 1, активни 2