13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Димитров: Јалова е работата на Комисијата за историски прашања

Со коментар за работата на мешовитата Комисија за историја, се јави претседавачот од бугарска страна Ангел Димитров.

Прашан зошто по две и пол години, работата е јалова, Димитров вели:

„Затоа што зад наш грб по 12 сесии ние ја завршивме работата на само 1 или 2 учебници, кои опфаќаат краток историски период, период кој реално само ја допира нашата заедничка историја. Во моментов сè уште сме заглавени во средниот век, бидејќи реално сме заглавени во нашите разговори во IX-X век, кои според наше мислење немаат точна интерпретација во учебниците на Македонија”, вели Димитров.