
Премиерот Зоран Заев потврди во средата дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче преку посредници сакале да ги набават 200-те илјади кинески вакцини на „Синофарм“ па дека поради тоа им бил вратен авансот, откако претходно италијанскиот весник Ла Верита разоблички дека македонската влада била одбиена бидејќи одела преки фантомска фирма од Хонгконг
Целта, како што се обиде да се опревда Заев а притоа не негирајќи ги наводите на весникот, била да се најде начин како побргу да се стаса до вакцините.
„Во овој период правиме напори по какви било канали како што очекуваат нашите граѓани за час поскоро да ги имаат вакцините. После две недели, не можевме да добиеме контакт преку кинеската амбасада со Синофарм и дадовме нарачки преку приватни компании, кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа авансот беше повлечен. Сега очекуваме нарачките да пристигнат преку министерството за надворешни рабпоти на Кина, односно преку кинеската амбасада“, рече Заев.
Додаде дека преку писма за намери Владата остварила контакти со десетина приватни компании од разни земји за да се дојде побргу до потребниот број на вакцини.
„Да, сме правеле нарачки, ни помогна и ‘Пауер Чајна’, мајка-компанија на ‘Синохидро’. Таа е една од кандидатите за изградба на Чебрен, џиновска компанија во сопственост на Кина“, додаде Заев.
Претходно италијанскиот весник Ла Верита, се повика на две писма од министетот за здравство Венко Филипче, коишто го разобличија Заев. Првото писмо, докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот „Синофарм“ дури на 25-ти декември 2020 година, додека во второто писмо од 25-ти јануари годинава вели дека дури и би ја ослободил Кина од одговроност за какви и да се негативни ефекти од вакцината.