Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десетприеми.

Во ковид-центарот во Грарската општа болница „8-ми Септември“ пријавени се четири приеми на пациенти а десет биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациент со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 350 пациенти потврдени и сомнителени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.