
Американскиот претседател Џо Бајден на виртуелниот самит во петокот со австралискиот, индискиот и јапонскиот премиер ја покрена заедничката иницијатива за „драстично“ зголемување на вакцините за Covid-19 во југоисточна Азија, што претставува првата фаза од неговата дипломатска офанзива против Кина.
Ова е првпат Quad, неофицијалниот сојуз направен во 2000-те години како противтежа на јакнењето на моќта на Кина во регионот и светот, а го обнови поранешниот американски претседател Доналд Трамп, да го одржува состанокот на највисоко ниво.
„Ова е првиот мултилатерален состанок на врвот кој имам можност да го одржам како претседател“, изјави американскиот претседател Џо Бајден на почетокот од виртуелната конференција со јапонскиот премиер Јошихида Суга, индискиот премиер Нарендра Моди и со австралискиот премиер Скот Морисон.
„Соединетите држави се решителни да соработуваат со сите наши сојузници во регионот за заеднички да ја гарантираме стабилноста“, истакна Бајден.
Другиот сигнал кој укажува за важноста на Азија во надворешната политика на Бајден е доаѓањето на јапонскиот премиер Суга во април во САД, кога ќе стане првиот странски челник кој новиот американски претседател лично ќе го прими, соопштија во петокот од Вашингтон и Токио.
На дневниот ред на состанокот на Quad, се и климатските промени и пандемијата на коронавирусот.
Нова ера
„Воспоставуваме ново амбициозно партнерство за да можеме да го поттикнеме производството на вакцината за полза на целиот свет и за вакцинирање на целиот индиско-пацифички регион“, истакна Бајден.
Ова претставува обид да се одговори на „големиот недостиг во југоисточна Азија“, изјавил за новинарите неименуван американскик висок функционери, напоменувајќи ги „сложените финансиски механизми кои ќе овозможат големо, всушност драстично, зголемување на капацитетот за производство на вакцината, дури милијарда во 2022 година“.
Овој одговор главно ќе се потпира на индиските производствени капацитети и на американската вакцина „Johnson&Johnson“ која се дава во една доза.
Со оваа инцијатива и американски претседател се придружи на „дипломатијата со вакцините“ за што Вашингтон инаку ги обвинуваше Русија и Кина. Бајден, според аналитичарите, сака да покаже дека нема пасивно да набљудува како Кина ја испорачува својата вакцина во сите делови во светот, во прв ред во југоисточна Азија.
Задушувањето на ткн кинески активизам во реиогнот е точка во дневниот ред на овој самит, а воедно и причина за постоњето на Quad. Но никој од челниците директно не ја спомена Кина, но на неа се алудира кога се зборува за „поморската безбедност“ и за зачувување на „слободниот и отворениот“ индиско-пацифички регион.
Австралискиот премиер Морисон ицени дека овој состанок на четирите „демократии“ е сигнал за „почеток на новата ера“ во овој дел од светот, а неговиот индиски колега по должност Моди рече дека Quad и во иднина ќе биде „важен столб на стабилноста“.
Во последниот период од мандатот на претседателот Доналд Трамп, американско-кинеските односи беа на најниското ниво од воспоставувањето на врските меѓу двете земји во 1970-те години, и на работ на нова Студена војна. Неговиот наследник на должноста Џо Бајден покажува дека ќе го продолжи судирот. „Доколку не сториме ништо, ќе нѐ прегазат“, изјави Бајден за медиумите во февруари по првиот телефонски разговор со киенскиот претседател Кси Џинпинг.